Што правеше Зизу во претходните 9 месеци без работа како тренер на клупата:
Играше фудбал
За јубилејот 20-години од златниот триумф на Франција на Светското првенсто 1998, репрезентацијата која стана светски шампион играше со селекција на Легендите на ФИФА.
Французите победија 2:1 на ревијалниот меч а Зидан го даде победничкиот гол од слободен удар. И тоа каков гол:
Одмор со семејството
Додека во Русија траеше Светското првенство 2018, Зидан по традиција отишол на Ибица со жена му и синовите:
Ѝ правел често друштво на жена му на шопинг:
Снимал реклами:
Неодамна adidas пушти промотивна кампања во чест на 25-годишнината од првите легендарни копачки Predator. Во главна улога на рекламата беа Зидан и Бекам кои ги прославија овие ретро копачки.
Го поддржал фудбалскиот аналог на Player’s Tribune
На крајот од минатата година, компанијата 23 Capital разви платформа OTRO (на шпански „поинаков, подруг“), со помош на која ѕвездите на фудбалот можат директно да им се обраќаат на навивачите преку видеа. Во овие серијали, многу големи суперѕвезди раскажуваат за своето секојдневие. Меѓу нив се нашол и Зидан.
Само што за таква авантура се плаќа неколку десетина долари месечно.
Одеше на свечености и коктели
Зидан беше номиниран за Тренер на годината според ФИФА и ја посети церемонијата во Цирих. Но наградата ја освои Дидие Дешам. Се испостави дека втората светска титула на Франција е поголема од трите пехари на Реал во Лига на шампиони.
Минатото лето Зидан со жена му беше и на финалето на Ролан Гарос каде Рафаел Надал ја освои неверојатната 11-та титула.
Гледаше второлигашки фудбал
На почетокот на есента Зизу го приметиле на меч од шпанската втора лига меѓу Рајо Махадаонда и Луго. Во Рајо од швајцарскиот клуб Лозана премина најстариот син на Зидан - Енцо.
Тимот Махадаонда победил 1:0, а Енцо Зидан сезонава во шпанска сегунда нема ниту еден постигнат погодок.
Вети дека скоро ќе се врати на работа да тренира клуб
На почетокот на септември лани Зизу изјави дека скоро ќе се врати во тренерската работа: „Тоа најмногу сакам да го правам. Фудбалот е се во мојот живот.“
После секоја вест за можна смена на некој тренер во европските топ-клубови, неговото презиме веднаш се појавуваше. Се споменуваа три најконкретни варијанти.
Зидан гласно го поврзуваа со Манчестер Јунајтед каде проблеми имаше Жозе Мурињо. Зинедин дури и му ѕвонел на Португалецот еднаш да му објасни дека не претендира на неговото место и не се договара со Манчестер.
Така и испадна: Жозе го избркаа, а Зизу не го зема неговото место.
Во Англија едно време се дрмаше и клупата на Маурицио Сари, па Зидан го споменуваа како прв кандидат да го наследи тренерот на Челси.
The Times еднаш напиша дека француската легенда не е заинтересирана за Челси и дека тој во Англија е спремен да оди само во Манчестер. The Sun тврдел дека Зидан се согласил да го води Челси но под услов клубот да го задржи Еден Азар и да обезбеди 200 милиони фунти за трансфери.
Најреална варијанта беше Јувентус. Торинскиот клуб периодично го врзуваа со Зидан како нов тренер. Дури и неколку часа пред објавување на веста дека Зизу се враќа во Реал, El Pais пишал дека Јувентус му понудил 3-годишен договор.
Тоа ќе беше прекрасно соединување со Кристијано Роналдо со кого ја освојуваа Лигата на шампионите. Но Зидан не го дочекаа ниту во Торино.
Се врати во Реал каде пред 9 месеци остави „уредна и чиста куќа“ а сега затекнува многу неред.