Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.
Легендарниот Французин официјално замина од Реал Мадрид на 31 мај 2018 година. За девет месеци без него, Мадриѓаните изгубија сè што можеше да изгубат а Зизу наместо ред и поредок, сега начекува неуредна состојба во клубот.