Миленикот на Палермо полни 29 години

Илија Несторовски синоќа промаши пенал на гостувањето против Венеција кое заврши 1:1, а колку го сака сицилијанската публика ова наше момче доволно е само да се види според стотиците коментари кои му ги оставаат на Фејсбук. Еден напишал: И Роналдо промашува пенали, а друг: Исто и Роберто Баџо. Никој не му мрчи.

Палермо води грчевита битка за кам бек во Серија А, а Фејсбук профилот на клубот е преплавен со честитки за капитенот кој сезонава има 7 гола и 3 асистенции. Да се потсетиме на сите 7 и да му честитаме роденден со желба да ја тресне и Летонија на 21 март на Градски.

Палермо - Перуџа 4:1 (Два гола на Несто)

Палермо - Кротоне 1:0

Лече - Палермо 1:2

Карпи - Палермо 0:3

Падова - Палермо 1:3

Палермо - Бреша 1:1

12 март 2019 - 16:32