Разно

Во силна и рампоправна битка Волкановски загуби од Махачев

Австралискиот ММА борец со македонско потекло ја заврши серијата од 22 победи по ред, но сепак му пружи голем отпор на фаворитот и актуелен шампион во лесна категорија на УФЦ 284.

Халк Банка со срце на терен до победа над Матрикс

Во второто коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија најубедлив триумф славеше Ван Хоол, а победи славеа и Пивара Скопје и Халк Банка.

Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Гранит, Аптив и Лукоил се екипи кои со победа го отворија првото коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија.

Невиден бес на тенис, искрши три рекети за неколку секунди

Во фудбал и во кошарка често има закачки, пцовки, па и физички пресметки меѓу играчите, но кај одредени тенисери сè почесто се гледа необјаснив бес па страдаат рекети или некој друг предмет. Овојпат Русинот Александар Саша Бублик кој игра под знаме на Казахстан, на турнир во Монпеље искрши дури три рекети фрустриран што губеше од францускиот тенисер Грегуар Барер.

Што може да ти направи силен ветер на скокалница?

Брзината е 86,4 км на час, должината досега невидени и лудачки 161,5 метри, а храбриот скокач е Тими Зајц на скокалницата во германскиот град Вилинген, долга 130 метри. Словенецот со помош на ветерот стигна до врвниот резултат кој сепак не му се брои како светски рекорд, бидејќи не успеа да се задржи на нозе.

Како после да не бидат најдобри на свет во пинг-понг?

Кина е апсолутен лидер во освоени златни медали во пинг-понг во поединечна, групна, машки сингл, женски сингл, мешани двојки. Имаат вкупно 107 освоени златни одличја на сите турнири. А како и не би имале со вакви тренинзи?

Бејл дебитираше во професионален голф

Велшкиот фудбалер кој освои дури 5 пехари во Лига на шампиони и 3 титули во Ла Лига со Реал Мадрид, пред 25 дена стави крај на фудбалската кариера и очекувано, прејде во неговиот најомилен спорт.

Најмачниот настап на Ѓоковиќ на Австралија опен по кој му се случи пресвртница во кариерата

Кралот на отвореното првенство во Мелбурн владее со 10 трофеи во последните 15 години. Овој настап го смета за најголема победа. Но сигурно вечно ќе го памети и оној пред 13 години кога паднал во тоалет на колена. Од мака.

Шпанскиот писател Хуан Мануел Прада: „Фала ти Новак за секоја протечена солза“

Еден од најнаградуваните шпански современи писатели, Хуан Мануел Прада Бланко за АБЦ Опинион напишал текст посветен на 10-кратниот освојувач на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ е само добар човек во овие лоши и изопачени времиња

Федерер и Надал се принцови, недопирливи се и за оние кои ги гледаат и навиваат за нив. Новак Ѓоковиќ не е принц, бидејќи неговата потреба да биде сакан го поврзува со заедницата и тениското човештво како целина.

Детал од прославата на Новак кој не се виде во преносот

Откако ја искористи меч топката во финалето со Стефанос Циципас за победа, камерите го дадоа Ѓоковиќ како покажува со прст на глава па на срце, но не и на третиот, по многумина многу битен детал за еден спортист.

Иванишевиќ: Новак е од друга планета, неговиот мозок работи поинаку

„Знаете кога еден претседател ќе посети странска земја и ќе му дадат список од 37.000 работи, средби итн. Новак имаше 37.000 терапии и третмани. 97% од играчите би се повлекле по резултатите од магнетната резонанца“.

А видовте ли како славеше татко му на Ѓоковиќ среде Мелбурн?

За мир во куќа, дома го гледаше и полуфинале и финалето, тоест во хотелската соба, ама па ај седи во место да те видам, кога син ти ќе освои 22-ри Гренд слем.

Порака од Ѓоковиќ за сите млади тенисери

„Убеден сум дека колку потешко детство сте имале и со колку поголеми тешкотии и битки сте се соочиле, ќе станете посилни. Јас и Стефанос сме доказ за тоа. Не му дозволувајте на никој да ви ги одземе соништата. И само еден човек да ви даде поддршка, најдете го тој човек и сонувајте високо, бидејќи можете да успеете“.

Поенот кој го одбележа финалето во Мелбурн

„Тој е најдобриот што некогаш држел тениски рекет“, рече Гркот Стефанос Циципас после загубеното финале на Австралија опен со 3:0.

Фото на денот

Притворен, депортиран, критикуван, линчуван медиумски. Годинава повреден, провоциран и под притисок да мисли и на потезите на татко му. Сè издржа и во рок од 12 месеци им покажа на Австралија и светот дека ништо не може да му застане на патот кога ќе тргне по трофејот. Ниту момците од помпезно најавуваната „NextGen“. Каква ментална сила има овој човек.

Емотивна реакција, Новак се расплака по новата титула

Витешки Ѓоковиќ го издржа сè она што го следеше во последните година дена откако лани прво беше држен во притвор во Мелбурн па депортиран од Австралија поради неговиот вакцинален статус. Година дена подоцна стигна до 10-та јубилејна титула во Мелбурн и стигна до 22. Гренд слем трофеј со што се израмни со Рафа Надал на вечната листа.

Голема победа на Ѓоковиќ за 10-та титула во Австралија!

Во големото финале на Гренд Слемот во Мелбурн, после 172 минути игра, Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 по сетови 6:3, 7:6, 7:6. Ова е 22 Гренд Слем трофеј за српскиот тенисер со што се изедначи на вечната листа со Рафа Надал.

На завршницата на Австралија Опен 6 руски и белоруски тенисери и тенисерки

По избивањето на воениот конфликт меѓу Украина и Русија, сите руски и белоруски спортисти се соочија со драконски суспензии. Репрезентациите во многу спортови беа исфрлени од европски и светски првенства, а оние спортисти (тенисери и тенисерки) кои добија „милост“ да се натпреваруваат, го прават тоа под неколку услови.

По големиот метеж, татко му на Новак решил каде ќе гледа полуфинале

Триесет и четири годишниот Александар Долгополов, во моментов неактивен тенисер, на Твитер напиша дека таткото на Ѓоковиќ, Срѓан треба да биде исфрлен од Гренд слемот во Мелбурн поради тоа што се најде меѓу група српски навивачи кои вееја руски знамиња и скандираа за Русија.

Скапа слика

Девојка фоторепортер од натпревар во американски фудбал. Или е храбра, или е луда. Или и двете. Трето нема.

Ѓоковиќ и даде цвеќе со автограм на новинарката која го штипна на интервју

Го победи Рубљев 3:0 и обезбеди 44-то Гренд слем полуфинале. Потоа им честиташе роденден на физиотерапевтот и мајка му, па побара од публиката аплаузи за Федерер. И на крај стаса и цвеќе да и подари на новинарката на Еуроспорт.

Роденденски честитки за мајката и физиотерапевтот на Ѓоковиќ и респект за Федерер

Шоуто на Новак Ѓоковиќ не завршува со натпреварот, туку тогаш почнува. По елиминацијата на Рубљев, следуваа пар џентлменски гестови, кои не ги прави секој светски спортист.

И покрај силниот ветер, дофрлувањата и провокациите, Новак го збриша Рубљов со 3:0

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон 10-та титула на Австралија опен откако во четвртфиналето го елиминираше Андреј Рубљов.