Мангупскиот волеј на Ѓоковиќ и бакнежот до Кирјос

Новак Ѓоковиќ го совлада Тејлор Фриц со 3:1 (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3) и го завери 11-то полуфинале на Австралија опен, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Синер и Рубљов. Мечот беше изедначен само во првите два сета во кои Србинот не искористи многу брејк топки, но потоа го крена нивото на игра и не му даде никакви шанси на Американецот.

Ги имаме најјаките поени на Новак, а меѓу нив ги издвојуваме волејот на мечот, како и бакнежот до Ник Кирјос кој беше стручен коментатор во кабината.

Ѓоковиќ до својот тим: „Гледајте малку“

 

23 јануари 2024 - 10:48