Разно

Син му на Ѓоковиќ ги изнасмеа сите со кратка изјава

Новак Ѓоковиќ е во Лондон каде се спрема за почетокот на големиот Вимблдон. Тенискиот ас изнајмил куќа во која престојува со семејството и тренерите. Прв ривал ќе му биде Кореецот Сон Ву Квон. Додека местеа една трамболина со тренерот Горан Иванишевиќ и кондицискиот тренер Марко Паники, малиот Стефан Ѓоковиќ им дофрли нешто.

Се огласи пливачката која падна во несвест: „Луѓето не можат да замислат колку често губиме сознание“

Целиот спортски свет и пошироко беше шокиран, откако на Светското првенство во водни спортови во Будимпешта 25-годишната латино-американка Анита Алварез остана без свест среде настап во базен, а нејзиниот тренер Андреа Фуентес без размислување скокна во базен и ја извлече навреме синхронистката.

И хрватскиот селектор има свој репертоар среде пренос во живо

По стапките на селекторот на ватерполо репрезентацијата на Србија Дејан Савиќ кој за да ги разбуди своите подзаспани играчи викаше и користеше по некоја сочна пцовка, тргна и хрватскиот предводник Ивица Туцак. Среде пренос.

Јуначки потег на годината: Женски тренер скокна по пливачка која изгуби свест

На Светското првенство по водни спортови во Будимпешта се случил прав трилер: американска пливачка по синхронизирано пливање изгубила сознание додека била во вода. Додека спасителите сфатиле што се случува, прва на помош доскокнала селекторката која влегла во базен и ја спасила младата пливачка.

Српскиот селектор грмеше на тајм-аут, камерите сè уловија

Шесткратниот светски шампион во ватерполо, репрезентацијата на Србија со триумф над САД (17:13) го отвори новиот Мундијал во Унгарија каде играат најсилните селекции на светот. За време на еден тајм-аут српскиот селектор Дејан Савиќ урлаше на своите играчи што биле многу лежерни.

Луис Хамилтон го фрли својот тренер во студена река

Луис Хамилтон, повеќекратниот Ф1 шампион и великан во мотоспортот, едвај излезе од болидот на 12 јуни во Баку поради незгода. Се држеше за грб, викаше по радио-станицата и се молеше трката што поскоро да заврши, а на крајот отишол кај физиотерапевт и акупунктурист за опоравок.

Викаат дека ова бил најлош сервис што некогаш го виделе

Традиционално, голем број тенисери се подготвуваат за Вимблдон на помали турнири исто организирани на островот. Во Истбурн во понеделникот почна првото коло а внимание привлече мечот меѓу Бублик и Тиафо кој го доби Казахстанецот со 2:1 (вториот сет убедливо со 6:0). Тиафо во еден момент го имаше најсмешниот сервис на сезоната.

Едукација и забава за 200 јуниори на Sport Life

Децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина.

Како се движи Надал после Роланд Гарос?

За да стигне до титулата број 14 во Париз и вкупно 22 Грен слемови во кариерата, шпанскиот тениски ас направи голема жртва и примаше инјекции за да умртви нерв во стапалото и да игра без болки. Вимблдон стартува на 27 јуни, а тој едвај оди.

Навивачите на Надал и Реал сакаат да си играат со бројки

Во рок од неколку дена, Рафа на Роланд Гарос ја освои титулата број 14, а кралевите стигнаа до 14-та титула во ЛШ. Уредник во весникот АС, кој го води секторот за Реал Мадрид, со проста математика ја пецна Барса за еден многу тежок пораз во ЛШ.

Кандидатот за фер плеј на годината е учесник на „Охрид трчаТ“

Македонските прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Него во сандаче ни стигна клип, како еден натпреварувач уште на стартот ногу брзат, ама и буткат деца за да стигнит прв.

Преименувајте го Ролан Гарос во Рафа Надал, време е веќе

Она што го (на)прави „бикот од Мајорка“ на париската црвена земја е за на филм. Таква доминација на еден терен скоро и да немала ниту една друга атлета во друг спорт.

Голем и убедлив триумф на Рафа Надал за 14-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот ас од 2005-та година со кратки прекини е асполутен владетел во Париз. Денес ја освои рекордната 14. титула на Ролан Гарос на севкупно 18 настапи со што влегува во вечноста. Во големото финале Рафа го декласираше младиот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:0).

Најдобрите потези на Рафа Надал на мечот со Ѓоковиќ

Огромен дел од 15.000 навивачи на арената „Филип Шатрие“ во Париз беа на страна на шпанскиот ас кој игра маестрално на неговата омилена подлога на Ролан Гарос. Во тоа се увери и Новак Ѓоковиќ кој немаше шанса со разулавениот бик од Мајорка.

Сударот на гигантите му припадна на Рафа: Надал го разби Ѓоковиќ за полуфинале на Ролан Гарос

Најдобриот шпански тенисер и еден од најголемите во историјата, Рафаел Надал на неверојатен и убедлив начин со 3:1 во сетови го совлада бројот 1 на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ и закажа полуфинале со Зверев кој претходно го елиминираше младиот Алкараз.

Нов чудесен потег на младиот Алкараз на Ролан Гарос, публиката во транс

Додека се спрема големиот спектакл Надал - Ѓоковиќ, младата светска тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во истата фаза на Ролан Гарос откако го совлада Карен Хачанов со 3:0 во сетови 6:1, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.

Чудесен потег на малиот Алкараз за кој се зборува на Ролан Гарос

Во дуелот меѓу двајцата шпански тенисери во втората рунда на Ролан Гарос, младиот шампион и најголема надеж на шпанскиот тенис, Карлос Алкараз едвај со големи маки го победи Рамос-Вињолас со 3:2 по сетови: 1:6, 7:6, 7:5, 6:7, 4:6. Алкараз имаше и еден сензационален потег и покажа зошто го сметаат за легитимен наследник на Рафа Надал.

Гранит преку Шпаркасе Банка до влез во Ф8

Во разигрувањето од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Гранит, Ван Хоол, ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ.

Ѓоковиќ веќе го има поенот на Мастерсот во Рим

Со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2), Новак Ѓоковиќ го збриша Аслан Карацев од Русија во првото коло и обезбеди осминафинале во Рим. Во ниту еден момент не смее да се олабави човек во дуел со него. Погледнете го што стигна и како ја запали италијанската публика.

Фудбалската магија станува реалност: Oригиналниот FIFA World Cup™ трофеј пристигнува во Скопје!

За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот.

Како Ѓоковиќ го имитира Марин Чилиќ

Публиката на АТП Мастерсот во Мадрид нема да гледа денеска четвртфинална пресметка меѓу Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Британецот го откажал мечот поради труење со храна. Ама затоа има прилика да гледа забава на тренингот на Ноле кој со помош на Иванишевиќ го имитираше Чилиќ како се спрема за сервис.

Ударот на Џад Трамп за воздишки

Легандарниот снукер играч Рони О'Саливен по седми пат кариерата ја освојува светската титула, откако во финалето во Шефилд го совлада Џод Трамп со 18:13 во фрејмови. Имаме два удари за издвојување на поразениот, посебно вториот.