Како изгледаше новиот светски рекорд - 53.586 гледачи на ракометно Европско првенство

Европското првенство 2024 во ракомет го отворија Франција и Македонија со триумф на Французите 39:29 (17:13). Овој меч се играше пред речиси 50.000 гледачи, а рекордот беше поставен неколку часа подоцна кога за вториот дел од групата меѓу домаќинот Германија и Швајцарија на трибините имало 53.586 гледачи.

Германците ја совладаа Швајцарија 27-14 (13-8) а најефикасни во составот на домаќинот беа Јури Кнор со 6 гола, Јулијан Костер со 3 и Јустус Фишер со 3 погодоци. По два дадоа четворица играчи. Кај Швајцарците кои постигнаа најмалку голови на едно Европско првенство, водечки стрелец беше Лени Рубин со 4 гола. 

Фото на денот

11 јануари 2024 - 09:55