53.586 гледачи го следеле отворањето на Европското ракометно првенство меѓу Македонија и Франција во „Меркур шпил арена“, што е апсолутен рекорд за еден ракометен натпревар. Со оваа мега посетеност, срушен е рекордот од мечот меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург, одигран во „Комерцбанк арена“ во Франкфурт 2014-та во рамките на Бундеслигата.