Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше Европското првенство во Германија.
Македонија и Франција играа пред повеќе од 50.000 гледачи на фудбалски стадион во Дизелдроф и тоа е нов светски рекорд кој скоро сигурно ќе биде надминат со мечот меѓу домаќинот Германија - Швајцарија каде исто се очекува преку 50.000 гледачи.
Франција вечерва ја оправда фаворитската улога и славеше 39:29 но Македонија покажа дека не е залутана на шампионатот. Со фантастичниот Никола Митревски на голот и Пешевски и Џонов пред противничката мрежа, црвено-жолтите му се држеа на ракометниот гигант.
Во првите 15-ина минути избраниците на Кире Лазаров парираа сосема добро, дури и успеаја да поведат со 2+ гола разлика (10:8) на средина од првиот дел но по бурниот тајм-аут на Французите, фаворитот ја презеде резултатската предност.
Триколорите кои се единствени на светот кои во два наврати ги обединија светската, европската и олимписката титула направија комплетен пресврт и на пауза заминаа со 17:13.
How high was that foot? 🤯 @FRAHandball #ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/hETSFYVLzx
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2024
И во вториот дел Французите во целост го скршија нашиот отпор, поведоа со двоцифрена предност и демонстрираа дека се во голема форма пред продолжение од Европското.
На крајот конечни 39:29 за Франција која ја заблежа првата победа, а македонските ракометари стекнаа уште поголемо искуство пред вториот меч на првенството, идентично тежок, против домаќинот Германија.
Hugon Descat and France start the show 😍 #ehfeuro2024 #heretoplay 🎆🎇🎇 pic.twitter.com/O2EDws6u0a
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2024
Во нашиот состав Никола Митревски запиша 11 одбрани, а Пешевски и Џонов постигнаа седум и шест гола и беа најефикасни во македонскиот состав.
Кај триколорите најефикасен беше Иго Деска со седум гола а Дилан Наи додаде шест гола. Обајцата имаа стопроцентна реаулзација. Македонија сега ја чекаат дури четири дена одмор и селидба во Берлин каде на 14-ти јануари ги чека силната Германија а два дена подоцна и Швајцарија.
Пласман во следна фаза ќе обезбедат само првите две селекции од секоја група.