Комична ситуација - редар не го познал Рони О’Саливен и не го пуштал

Великанот на снукерот и повеќекратен светски шампион е многу познат и славен во Велика Британија но и пошироко. Но има и такви кои никогаш не гледале снукер, или па гледаат пикадо како што напиша Рони О’Саливен под видеото кое сам го објави а на кое се гледа како еден редар не го пушта да оди на меч од Мастерсот во Лондон.

Рони О’Саливен го совлада неговиот голем ривал Динг во осминафиналето од Мастерсот во „Александра Палас“ Арената во Лондон.

10 јануари 2024 - 10:02