Разгалената Остапенко жестоко ѝ се сипа на судијката

Дванаесеттата тенисерка на светот, Летонката Јелена Остапенко револтирана по загубените поени од Белорусинката Викторија Азаренка ѝ се пушти вербално на главната судијка Јулија Кјендли.

„Слепа ли си!? Правиш толку многу грешки. Ти веќе никогаш нема да судиш на мои натпревари! Ми ги уништуваш!“

34-годишната Викторија Азаренка победи со 2-1 во сетови 6:3, 3:6, 7:5 и се пласирше во полуфиналето каде ќе игра против нејзината сонародничка Сабаленка. 

5 јануари 2024 - 15:02