Маратон на -55 во руски Ојмјакон, најстудена трка на светот

Деновиве се одржал најстудениот маратон на светот во најстуденото место на Земјината топка - Ојмјакон во Русија каде температурите во просек зимно време се -50 степени.

Утрото на стартот на најстудената трка на светот температурата измерена во базните метеролошки станици како и на софистицираните модерни уреди изнесувала -55 степени. Но никој не размислувал да ја одложи трката.

На крајот победник бил 23-годишниот студент Константин Драгунов од Јакутск кој го истрчал целиот маратон за 3 часа и 7 минути.

„Бројот на учесници на вакви маратони е ограничен на 100. Иако на стартот дојдоа само 38 тркачи. Јас никогаш не сум трчал на маратон во вака студени услови. Сакав да се испитам дали можам?

Купив карта. Ова е најстудениот маратон на светот! Јас претходно никогаш не сум трчал такви дистанци. Полумаратони сум трчал, личниот рекорд ми е 1.08,10. Дојдовме со друштво, со мини автобус 12 луѓе. Без кола во Омјакон не можеш да одиш. Таму сите учесници поминале спортска школа“, раскажал победникот на најстудениот маратон на светот и продолжил:

„Стартот е наутро. Трчаме од точка А во точка Б - од споменикот во Ојмјакон до село Топтор. Меѓу нив има растојание од 42 километри.

На секои 5 километри има шатори со греалки. Таму може да се напиете врел чај, да каснете бујон и да се згреете. Трчав со гелови. Една девојка исто од Русија вечета кажа: „Обично пијам гелови ама денес првпат ги џвакав, зошто таму замрзнува се во секунда“.

„Ноќта пред стартот беше минус 55, но не мислев да се откажувам. Иако гледаш на термометарот и не ти е јасно. Првпат трчав на таква температура. Сум тржал на 40+, на 45+ но вакво не.

Меѓу Јакутс и Ојмјакон има 1.566 километри и со кола се оди за повеќе од 33 часа. Да се трча на такво студено време е многу многу студено, страшно. Таму не само што е мраз туку и кислородот е друг. Влага има, тешко се дише а и планинско подрачје е, 800 метри надморска висина“.

„Јас имав четири слоја облека: две термоблузи, уште еден џемпер и јакна за заштита од ветер. Се е тоа нормално. Не бев само спремен дека мрзнат и зглобови и лакти и колена.... Затоа сфатив дека треба да се ставаат и наколенки. И така трчав 20 километри смрзнат.

Почнавме со еден другар. Првите 10 километри ги трчавме во просек по 4:20 км/час, потоа тој малку заостана а јас продолжив сам. Рекорд на трката е 3 часа и 2 минути. Сакав да го урнам. Трчав без часовник, се водев според чувство. Трчав до 4:00 км/час. 20 километри нормално. 30 километри нормално. А после 33 километри се сопира. Никогаш такво нешто не сум почуствувал. И смрзнат и преморен.

Трпев. Во последните 5 км постојано се прашував што јас воопшто правам овде? Се изморив до таа мера да се онесвестам за малку. Направив чекор и не можев да ги кренам нозете. За некои километри ми требаа по седум минути. Беше многу, многу тешко! Никогаш во живот не сум се чуствувал така. После финишот не можев да дојдам при себе доцна вечерта. Очите ми беа премрзнати, сè ме болеше“.

„Но вредеше. Сега имам само позитивни емоции. За победата добив сертификат и 100.000 рубљи од организацијата и уште 20.000 од компанијата BASK. Плус од спонзорите ранци, жилети, торби, мали сувенири. Убаво.

Инаку од 12 луѓе кои патуваа со нашиот минибус, пола учествуваа во маратонот и секој од нив победи во својата возрасна категорија. Јас имам 23 години. Со нас беше и една жена која победи во полумаратон до 80 години.

ЛУЃЕТО ОД ОЈМЈАКОН: ЗА НАС МРАЗОТ Е ЖИВОТ

„Народот во Ојмјакон е многу гостопримлив. Топло не примија, добро се однесуваа. Се на највисоко ниво. Но знаете што ме чудеше најмногу? Ние сите бевме во шок од студот, а за Ојмјкаконј тоа е обична температура. Дојдовме вечерта, отидовме да прошетаме малку. Мислевме ќе нема никој сите по дома седат затворени. А на улиците преполно народ! Едни одат наваму, други натаму - животот е во полн ек!

„Веројатно сте виделе видео снимки: кога човек излегува на улица со шолја врела вода, а течноста во секунда се замрзнува. Во Ојмјакон тоа може често да се прави. Тоа го викаме Јакутски огномет. Убаво нешто“, додава жител на Ојмјакон.

Победникот Константин Дагунов вели уште и дека за овој маратон се зборувало многу и дека објави за маратонот на социјалните мрежи му праќале многу пријатели од Киргикстан, Узбекистан и Казахстан.

Тој вели дека не знае дали ќе с врати пак на маратонот, но дека треба многу добро да е човек подготвен ако сака да трча таму. „Не како мене сега, три недели се спремав. Тоа е многу малку“.

Дагунов трчал и во САД на трката во „Долина на смртта“ каде се трча маратон во пустина на 50+ степени горештина.

15 јануари 2024 - 11:02