Новак Ѓоковиќ ќе отвори во недела на „Род Лејвер Арена“ и тоа во третиот натпревар дента на прекрасниот стадион што значи дека ќе почне не порано од 9 часот во недела наутро.
Дино Прижмиќ со 18 години во моментов е меѓу најдобрите хрватски тенисери. Младиот Сплиќанец во квалификациите ги надигрувал Маријано Навоне од Аргентина (5:7, 6:3, 6:2), сонародникот Дује Ајдуковиќ (7:5, 6:0) и Тунижанецот Азиз Дугаз со 6:3, 6:3.
Прижмиќ е 178. тенисер н Гренд Слем во Мелбурн и тоа против најголемиот - Новак Ѓоковиќ кој 10 пати го освои Австралија Опен.
Призмиќ е јуниорски шампион на Ролан Гарос од минатата година.
„А немам што да кажам. Се надевам дека стадионот ќе биде полн и дека ќе биде одлично за игра. Немам што да кажам многу“, се насмеал младиот Прижмиќ на прашањето што ќе каже за дуелот со освојувачот на 24 Гренд слем трофеи.
The quest for number 11 starts here 🌟#AusOpen • #AO2024 pic.twitter.com/pcmhdwLVva
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 12, 2024
Ова ќе биде нив прв меѓусебен дуел а младиот Хрват се познава со големиот Ѓоковиќ. Прижмиќ добил специјална покана за АТП турнирот во Бањалука каде играл против сериозни противници. Победникот од овој дуел во второто коло ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Алексеј Попирин и Марк Полманс.
Потенцијални ривали во трето коло се Томас Ечевери, Енди Мареј и Гаел Монфис, во четврто коло Бен Шелтер, Адријан Манарино и Станислас Вавринка, а во четвртфинале Стефанос Циципас или Тејлор Фриц. Во полуфиналето во оваа половина од жребот потенцијални ривали се Јаник Синер, Андреј Рубљов и Алекс де Минор.
Во втората половина од жребот се Ласло Ѓере, Хуберт Хуркач, Феликс Оже-Алијасим, Данил Медведев, Александар Зверев, Душан Лајовиќ, Каспер Руд, Миомир Кецмановиќ и Карлос Алкараз.