Сабаленка го закачна Ноле, ја изнасмеа цела Арена

Тенискиот крем е во Австралија. Турнирите во Бризбејн и Аделаиде се како генерална проба за големиот Гренд слем Отвореното првенство на Австралија кое почнува од 12-ти јануари а на кој титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ. Србинот синоќа во мешан дубл на ревијален меч правел циркус со Белорусинката Арина Соболенка.

Ѓоковиќ и Сабаленка играа во мешан пар против Марија Сакари и Стефанос Циципас. Во еден момент Белорусинката направи шега што ја изнасмеа цела Арена.

„Вау! Каков убав поглед имам! Се надевам дечко ми не гледа“

25-годишна Арина Сабаленка пред крајот од 2023-та беше најдобра светска тенисерка а во моментов е на второ место на ВТА листата. Таа досега во кариерата од турнири заработила преку 20 милиони долари а по резултати е меѓу најдобрите 23 тенисерки на сите времиња.

Освои Австралија Опен во 2023, играше полуфинале на Ролан Гарос и Вимблдон (два пати, во 2021 и 2023) и еднаш во финале на УС Опен (2023).

11 јануари 2024 - 10:30