Најјакиот мајтап на своја сметка го направи Французинот кој беше здробен од Ѓоковиќ

Адријан Манарино успеа да му земе само три гема на најдобриот во свет и тоа дури во третиот сет. Првите два ги загуби 6:0 и 6:0. Во чест на дебаклот, кога седна на клупа после негативата од 2:0, гестикулираше со рацете две нули и се утепа од смеење. Не веруваме дека ваква комедија извел некој друг тенисер како царов.

22 јануари 2024 - 15:41