Легендарните Сампрас и Агаси заедно тежат 22 Гренд слем титули. Пит освои 14 од кои 7 пати Вимблдон, колку Ѓоковиќ. Рекордер е Федерер со една титула повеќе.
Андре има 8 Гренд слем титули, од нив најмногу на Австралија опен, вкупно четири.
Нивното ривалство траше во периодот 1989-2002 и се смета за едно од најголемите во историјата. Во меѓусебните дуели Сампрас е подобар со 20:14, исто како и во слем финалињата 4:1.
Сампрас е далеку поуспешен и со вкупниот број на трофеи, а тоа се 64 кои му донесоа 43 милиони долари.
Агаси стана прв тенисер кои ги обедини сите четири Гренд слем титули на трите различни подлоги (тврда, земја и трева) и е последен Американец кои ги освои Роланд Гарос (1999) и Австралија опен (2003).
Сампрас беше познат по својот прецизен и моќен сервис со кој го заработи прекарот „Pistol Pete", додека Агаси смеаат дека го има најдобриот ритерн во историјата на тенисот.
Две минутно уживање со двајцата американски асови кои си делат страшно моќни удари. Погледнете го овој неверојатен скок - пук на Сампрас, како на одбојка.
Фотографија од 52 годишниот Сампрас сликан пред три дена во Старбакс, кој е инаку една година помлад од Агаси.