Британецот ги засени сите фудбалски трансфери пред крајот на предниот рок во Европа и направи шокантен трансфер во Ферари од Мерцедес. Тој до крајот на новата сезона ќе вози и натаму за Мерцедес со кого освои дури шест шампионски титули.
Италијанскиот новинар Џулијано Дучеза кој го уредува порталот Formula1A.uno вели дека Ферари во преговорите со 39-годишниот Британец влегол спремен да му ги исполни сите желби и барања.
Луис Хамилтон минатата сезона од Мерцедес добил 35 милиони евра, а толку треба да заработи и сезонава. Од друга страна Ферари за една сезона, односно годишно на Хамилтон ќе му плаќа астрономски 100 милиони долари!
Тоа е дури три пати повеќе во однос на она што го заработил за периодот во Мерцедес, а речиси двојно повеќе од она што го заработува шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул.
Во Ферари се решени да ја прекинат силната доминација на Ред Бул и решени се на да му ја вратат титулата на „коњчето“. Презадоволен од веста за Хамилтон во Ферари бил и првиот возач на овој тим во моментов, Шарл Леклер. А како не и би бил кога овој тандем ќе биде голем фаворит во годините кои претстојат.