Силен земјотрес во Формула 1: Луис Хамилтон оди во Ферари!

Во најдобриот патувачки циркус на светот, Формула 1 никогаш немало посилен потрес. После 10 години и шест титули во Мерцедес со кој минатото лето потпиша нов двегодишен договор, Луис Хамилтон (39) си оди и тоа во најголемиот ривал, вечниот конкурент: ФЕРАРИ. Британецот ќе го вози болидот на „коњчето“ од 2025-та.

Ферари на овој начин ќе ги спои фантастичните Хамилтон и Шарл Леклер кој неодамна потпиша нов договор со „скудерија“.  Луис Хамилтон (39) во Ферари ќе дојде наместо Карлос Саинз. Од ова се изненадени и воодушевени навивачите на Ферари кои по социјалните мрежи коментираат дека никогаш не се надевале ниту верувале дека еден ден ќе навиваат за нивниот најголем ривал.

Седумкратниот Ф1 шампион освои шест титули со Мерцедес и 1 со Мекларен. Новата сезона во Формула1 започнува со трката за Големата награда на Бахреин на 28. февруари. 

1 февруари 2024 - 12:20