Најдобрата светска тенисерка елиминирана од анонимна тинејџерка

Ига Швјонтек (22) од Полска која е број 1 на женската ранг листа, рано утрово загуби од младата анонимна Линда Носкова (19) од Чешка Република и тоа е досега најголема сензација во женскиот дел од Австралија Опен. Швјонтек го доби првиот сет со 6-3, но потоа се случи голем пресврт и Носкова ги доби следните два сета 6-3, 6-4 за најголема победа во кариерата.

 

20 јануари 2024 - 13:49