Разно

Брутален нокаут

Ударите со нога кога противникот е на земја се забрането во повеќе ММА организации, но не и во азиската ONE FC. Тоа најдобро на своја кожа го осети Роџер Хуерта кој беше брутално нокаутиран од Зоробабел Мореира.

Инцидентот помеѓу Малдонадо и Хамилтон

Фернандо Алонсо ја освои Големата награда на Европа победувајќи на осмото гран-при оваа сезона, а трката освен неговата победа беше одбележана и со сударот помеѓу Пастор Малдонадо и Луис Хамилтон.

Ф1 трка ќе се вози на Олимпискиот стадион во Лондон

Организаторите на Олимписките игри во Лондон веќе прават планови за употребата на нивните градби по завршувањето на игрите, а една од опциите за Олимпискиот стадион е и одржување на Формула 1 трка.

Мажи vs. жени

Најголемата разлика помеѓу мажите и жените.

Се закачаш со погрешен судија

Ај да видиме кој има храброст на овој да му каже „судија педер". Тренерот на губитникот од оваа ММА борба си ја научи лекцијата.

Најплатените спортисти во светот се боксери

Магазинот Форбс ја објави својата листа на 100 спортисти со најголема заработка, а изненадувачки на врвот не се Бекам, Леброн или Тајгер Вудс, туку двајца боксери. Флојд Мејведер одработи само две борби, во рингот вкупно помина помалку од еден час и заработи 85 милиони долари.

Хорор несреќа во Ле Ман

Трката „24 часа Ле Ман" изобилува со несреќи, а така беше и оваа година. Главната улога ја имаше Ентони Дејвидсон кој за среќа помина само со повреда на грбот.

Кога тенисерите ќе збеснат

Не се случува често да биде прекинат еден тениски натпревар заради инцидент како оној на Давид Налбандијан, но не ретко во минатото и на овие спортски натпревари сме гледале нервозни испади на тенисерите.

Кого удрам не жалам

Обично вести за прекинати мечеви поради удирање на судија сме гледале од фудбалски, кошаркарски или евентуално хокеарски натпревари, но дојде време да видиме и прекин на тениски дуел.

Надал остана без часовник

И покрај фактот што Рафаел Надал во понеделникот по седми пат се радуваше на триумф на Отвореното тениско првенство на Франција, престојот во француската престолнина нема да му остане во убав спомен.

Почина боксерската легенда Стивенсон

Легендарниот кубански боксер и еден од најдобрите на сите времиња, Теофило Стивенсон почина на шеесет годишна возраст од срцев удар. Стивенсон се вбројува меѓу легендите на боксот бидејќи во текот на својата кариера се закити со три златни медали на Олимписките игри, беше троен светски шампион, а на два пати беше најдобар на Пан Американските игри.

Седма круна за Надал

Со победата во четири сета против Новак Ѓоковиќ, Рафал Надал по седми пат во кариерата триумфираше на Отвореното тениско првенство на Франција. Со овој триумф, шпанскиот тенисер влезе во историјата на Ролан Гарос надминувајќи го рекордот на Бјорн Борг, кој на земјените терени во француската престолнина шест пати го освојуваше трофејот.

Хамилтон за историја

Луис Хамилтон е победник на седмата трка од Светскиот шампионат во формула 1, а се возеше за Големата Награда на Канада. Возачот на МекЛарен е седми различен победник на една трка во досегашниот тек од сезоната со што испиша нова страница во историјата на ова натпреварување.

Најмоќните спортски фотографии

Велат една фотографија вреди 1000 зборови. Овие спортски фотографии вредат многу повеќе.

Тврда шкотска глава

Прославите можат да бидат болни, а понекогаш може и крв да падне, ама Шкотланѓаните си немаат гајле.

И Федерер знае да збесне

Навикнати сме да гледаме „ладнокрвен" Федерер, но и тој е обичен човек кој понекогаш знае да се изнервира кога губи и да им се развика на гледачите кои галамат додека топчето се уште е во игра.

Поранешен фудбалер на Челси ќе трча на ОИ

Фудбалерот Адем Џемили кој седум години играл за младинските тимови на Челси, ќе настапи на Олимписките игри но не како фудбалер, туку како член на атлетскиот тим на Велика Британија.

Најлошите потези од изминатата недела

Редовно ви ги прикажуваме најдобрите голови, забивања, додавања... па редно е да ги видиме и најлошите спортски потези (фејлови) од изминатиот период.

Тајната на Енди Мареј е во старите чорапи

Британскиот тенисер Енди Мареј ја откри тајната на својот успех. Тој секогаш игра во стари чорапи.

Ролан Гарос е повеќе од тениски спектакл

Започна двонеделниот спектакл во Париз. Најголемите светски тенисерски имиња до 10 јуни ќе се борат за титулата од Ролан Гарос и поделбата на паричниот фонд кој годинава изнесува скоро 19 милиони долари.

Петкратен шампион во бокс пронајден мртов

Контровернзниот светски првак во бокс, Џони Тапиа е пронајден мртов во својот дом. Тапиа почина во 45-та година од својот живот.

Хорор судар со среќен крај

Американецот Конор Дејли е денешниот најголем среќлија откако се извлече неповреден по страшната несреќа на ГП3 трката во Монако.

Нејмар има најголем маркетинг потенцијал

На врвот на листата на спортисти со најголем маркетинг потенција не се Бекам, Меси, Роналдо, Леброн Џејмс или Новак Ѓоковиќ, туку најпосакуван спортист како бренд е младиот Бразилец Нејмар.