1. Неговата десна нога е пократка за 1,5 сантиметри од левата заради невообичаениот начин на трчање. Болт трча со градите нанадвор и со исправена глава со што не му е урамнотежена карлицата.
2. Болт не сака да се забавува кога е во својот дом во Кингстон. Тој игра домино и видео игри до доцна навечер со своите пријатели, а пред натпревари редовно со Јоан Блејк играат ФИФА.
3. Тој е многу посветен на тренинзите и тие се до толку напорни што има и повраќано за време на тренинг, тврди неговиот татко.
4. Ако не бил спринтер, најверојатно ќе играл крикет. Овој спорт е многу популарен во Јамајка и Болт со пријателите редовно играле крикет како мали, а имал и свој идол од Индија.
5. Болт бил многу немирен и нервозен како дете и татко му често го тепал. Неговите родители го однеле на доктор кој го дијагностицирал со хиперактивност.
6. Кога бил мал тој бил сведок на несреќата во која загинал неговиот дедо. Тој вели дека не сфатил што се случува се до погребот.
7. Неговите успеси започнале уште на 15 години кога станал светски јуниорски шампион, а на 16 години веќе го срушил и јуниорскиот рекорд на 200 метри со време 20.13 секунди.
8. Тој не ги памети сите Олимпијади по добро. За разлика од Лондон и Пекинг, на Олимписките игри во Атина, кога имал само 17 години, Болт бил елиминиран од трката на 200 метри уште во првата рунда.
9. По Олимпијадата во Атина и уште една пропадната трка на Светското атлетско првенство следната година, Болт доби многу критики во Јамајка. Човекот кој сега е најголема ѕвезда во својата земја, беше критикуван дека не тренирал доволно и премногу се забавувал.
10. Болт редовно го посетува 70-годишниот германски доктор Милер Волфарт или познат во светот како „Исцелителот Ханс". Тој е познат по своите неконвенционални методи и контроверзни техники кои вклучуваат и инјекции со телешка крв.