Чудни селидби - атлетски ѕвезди од Јамајка ќе настапуваат за Турција?

Јамајка е синоним за настап на Олимписки игри каде нивните спринтери и останати атлети во други спортови често се меѓу најбројните освојувачи на медали. Но сега некако бајката добива поинаков тек.

Најголемата миграција во последните години се одвива во лесна атлетика, при што олимписки шампион и освојувач на златен медал како и светски јуниорски рекордер ја напуштаат Јамајка и ризикуваат да ги пропуштат следните Олимписки игри.

Главниот мотив за селидба во друга федерација е огорченоста кон својата федерација на Јамајка. Потврда за плановите за промена на спортско државјанство во блиска иднина веќе потврдиле:

РОЖЕ СТОНА (26 години) - олимписки шампион од Париз 2024 во фрлање диск

РАЏИНДРА КЕМБЕЛ (29 години) - бронзен медал во фрлање ѓуле во Париз 2024

ЏЕЈДОН ХИБЕРТ (20 години) - светски јуниорски рекордер во троскок

ВЕЈН ПИНОК (24 години) - сребрен медал од Париз 2024 во скок во далечина, светски вице-шампион од 2023.

ОД КАДЕ СЕЛИДБА ВО ТУРЦИЈА?

Турската атлетска федерација и тамошниот Олимписки комитет им нудат пасоши и државјанства на овие атлети од Јамајка но и што е поважно еднократна плата од 500.000 долари, шестцифрени премии за медали на големите натпреварувања, солидни бонуси и тотална поддршка по договор најмалку до Олимписки Игри 2032 во Бризбејн.

„Иако претставниците на технички дисциплини освоија за Јамаика 4 од 6 медали на последните Олимписки Игри, нас воопшто не не ценат во споредба со спринтерите. Не верувам дека ситуацијата ќе се смени во најскоро време. Имаме мала поддршка и мала можност за заработка“, вели бронзениот медал во фрлање ѓуле, Кембел.

Атлетскиот сојуз на Јамајка повикал итен состанок но изгледа дека е немоќен да сопре каква било селидба на нивните врвни спортисти.

Дури и ако не успеат да постигнат договор со Турција, им се заканува казна со три години спортски карантин, односно суспензија за официјални настапи.

Ова значи дека Јамајчаните и дефинитивно ќе ги пропуштат следните две Светски првенства (2025 и 2027) ако не се договорат со друга земја. Но ќе имаат можност за настап на Олимписките Игри 2028.

ТУРЦИЈА ИМА СТРАНСКИ АТЛЕТИ, АМА САКА МЕДАЛИ

Масовни селидби во атлетика имало и порано, но „купени“ биле помалку познати спортисти. Најраспространети беа кенијските спринтери и спринтерки кои трчаат за многу европски селекции.

Казахстан, например, во 2018-та година им даде спортско државјанство и пасош на пет Кенијки а после четири години Нора Џеруто го освои првото злато на Светско првенство во историјата на оваа земја.

Во Париз 2024 година Турција првпат после цели 40 години остана без ниту еден златен медал. Турците имаа 8 медали и ниту еден не беше во лесна атлетика/спринт. Затоа Јамајка имаше 4 злата во атлетика.

Интересен беше настапот на стрелецот Јусуф Дикеч кој на Турција и донесе медал и се прослави со својот необичен став. Ќе видиме сега после 4 години што ќе понуди Турција на Олимписки Игри.

25 јуни 2025 - 13:08