Дарио Иваноски беше разочаран и револтиран затоа што Агенцијата за млади и спорт првично му додели само 38.000 денари како помош од државата за 2021-ва година.
Но тој на Фејсбук се запраша, каде ли може да се подготвува со овие пари, кога минатата година само картата до Кенија го коштала 90.000 денари.
Агенцијата за млади и спорт реагираше по неговата објава и ваучерот од 38.000 му го појача на 188.000 денари.
Инаку Ивановски минатиот месец постави државен рекорд на 1.500 метри кои ги истрча за 3 минути, 45 секунди и 45 стотинки, а го држи и рекордот на 3.000 метри.