Само картата до Кенија ме кошташе 90.000, а државата ми дава 38.000 денари

Агенцијата за млади и спорт го објави списокот со ваучери за 2021-ва кои служат за финансирање на македонскиот спорт, а прв со реакција се јави Дарио Ивановски кој како државен првак во две дисциплини доби скоро 10 пати помала помош од првиот на листата.

Дарио Ивановски во 2017-та ја освои полумартонската трка во Белград, а следната година и во Скопје. На Балканското првенство во Истанбул го освои 4. место, а на трката на 3.000 метри постави нов државен рекорд со време од 8:14:44.

За трката на 1.500 метри велат дека е “кралска“ дисциплина и токму на неа минатиот месец на атлетското првенство на Србија во сала заврши прв и постави нов државен рекорд за Македонија.

Истрча со време од 3 минути, 45 секунди и 45 стотинки, што е за речиси 5 секунди подобар од неговиот претходен резултат забележан пред две години во Бугарија.

Ивановски е разочаран и револтиран од државната помош која ја доби за оваа година во износ од 38.000 денари и вели дека ќе почне да трча на улични трки за да собере пати.

„Што да им кажеме на следните генерации, да се занимаваат со спорт или да бегаат подалеку од него?“, прашува Дарио

Cekajte da razmislam kade da odam da se podgotvuvam so ovie pari... 🤔 A ha. Vo 2020 godina kartata od Kenija me kostase...

Posted by Dario Ivanovski on Thursday, February 11, 2021
11 февруари 2021 - 12:44