Таг: дарио ивановски

Успехот на Дарио Ивановски е еднаков на олимписко злато, „трча“ со години низ кошмар

Дарио едвај успеал да најде добар тренер што со минимална поддршка и безброј искушенија ќе му помогне на патот по кој тргнал; тренер што нема да си ги лечи сопствените комплекси на него; тренер што самиот сака да учи и да се усовршува; тренер што се покажал како правдољубив, дисциплиниран и доследен. Во други средини тоа е сосема нормално и очекувано, но кај нас тоа е чудо!

Ивановски: Имав повисоки очекувања, но од шестиот километар трчав повреден

Дарио Ивановски утринава во Париз испиша историја и стана првиот Македонец кој трчаше на олимписки маратон. Заврши со 20 минути послабо од неговиот личен рекорд. Се соочил со повреда на стапалото и коленото на сред трка, но и покрај тоа успеа да ги истрча 42-те километри. Браво јунак.

Историски миг во Париз, Дарио Ивановски гордо на целта со македонското знаме

10 август 2024-та ќе остане запечатен како историски датум за македонскиот спорт. Дарио Ивановски е првиот Македонец кој настапи на Олимписки игри во тешката и исцрпувачка дисциплина, а тоа е маратонот во должина од 42 километри.

АМС се корегираше, Ивановски ќе добие пет пати поголема помош

Македонскиот атлетичар кој држи два државни рекорди го крена гласот за ваучерот кој го доби од Агенцијата за млади и спорт по што веднаш следуваше реакција и зголемување на сумата.

Само картата до Кенија ме кошташе 90.000, а државата ми дава 38.000 денари

Агенцијата за млади и спорт го објави списокот со ваучери за 2021-ва кои служат за финансирање на македонскиот спорт, а прв со реакција се јави Дарио Ивановски кој како државен првак во две дисциплини доби скоро 10 пати помала помош од првиот на листата.