Мурињо прашуваше за кој Диего пееле навивачите?

Јунајтед со 0:3 го победи Сандерленд а во моментите на тотална доминација на нивниот тим, навивачите на Манчестер можеа да си приуштат цел репертоар на стари и нови песни, па една од нив беше и за легендарниот Диего Форлан. Кога се сети дека нема Диего во тимот, Жозе Мурињо го праша Карик за кој Диего пејат?

 Уругваецот на „Олд Трафорд“ стигна во 2002. година од Индепендиенте и постигна 17 гола на близу 100 меча пред да замине во Виљареал. Негов најславен погодок беше за победата од 2:1 против Ливерпул кога го заработи статусот култен херој на навивачите.