Македонски навивач експлодираше од радост на Олд Трафорд

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Се работи за скопјанецот Александар Зелениковски, инаку член на фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија.

На толку многу навивачи кои беа синоќа во бројка од преку 70.000 на Олд Трафорд, режисерот во преносот го улови токму Македонецот кој беше пресреќен после голот на Роналдо за 3:2.

Јасно се гледа во кадар и на оваа снимка направена од трибина на која го крева знамето на Македонија. Роналдо и компанија славеа пред негови очи. Какви мераци за Александар.

Фотографијава сигурно ќе си ја урами.

21 октомври 2021 - 08:14