Никогаш претходно Мурињо не освоил помалку поени по првите четири кола. Само четири од 12 можни поени, односно 25%. По првите четири кола Реал Мадрид забележа два порази, исто колку и минатата цела сезона.
Ова е полош старт на Мурињо дури и од неговата дебитантска сезона како тренер на Леирија во Португалија кога по првите четири кола забележа победа и три нерешени. Единствената сезона кога загуби во првите четири кола беше 2006/07 но триумфираше на останатите три натпревари предводејќи го Челси.
Учинокот на Мурињо на почетокот од сезоните:
2001/02 Леирија: победа и три нерешени
2002/03 Порто: три победи и нерешено
2003/04 Порто: три победи и нерешено
2004/05 Челси: четири победи
2005/06 Челси: четири победи
2006/07 Челси: три победи и пораз
2007/08 Челси: три победи и нерешено
2008/09 Интер: три победи и нерешено
2009/10 Интер: три победи и нерешено
2010/11 Реал Мадрид: три победи и нерешено
2011/12 Реал Мадрид: победа, нерешено и два порази