- Групата „Сотокултура“, една од водечките групи меѓу навивачите на Шалке со официјално соопштение објави дека се збратимува со навивачката група на Борусија Менхенгладбах:
- „Внимателните читатели можеби веќе забележаа: одделот „Пријателства“ стана побогат за уште еден клуб. Контактите со навивачката сцена на Менхенгладбах постојат поточно уште од раните 2000-ти години. Иако таа врска едно време беше прекината, повторно е воспоставена во текот на изминатата деценија“, стои во соопштението во фанзинот на навивачите на Шалке 04 „Blauer Brief“.
- „Согласно на тоа, навивачките клубови на Шалке 04 и Гладбах во последно време сè повеќе се зближуваа. Посебно во текот на неколкуте претходни сезони речиси да немаше натпревар на кој не си пружавме поддршка едни со други. Поедини членови дури преминуваа од еден во друг автобус. Сепак, ние и групата 'Сотокултура' не сакавме да брзаме, туку се правевме постепено“, напишале ултрасите од Гелзенкирхен.
- Ривалитетот со Борусија Дортмунд им е заеднички и на двете групи па оттука и причина плус за нивно поголемо зближување едни со други.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.