- Белорускиот ракометен гигант Мешков Брест соопшти дека на само 51 година во Брест, починал Едуард Кокшаров.
- Руската ракометна легенда во 2016 година се пресели во Македонија, каде што долги години беше спортски директор на Вардар, а во одредени периоди ги предводеше и машката и женската екипа како главен тренер.
- За време на неговиот ангажман како спортски директор, машкиот тим на Вардар два пати ја освои Лигата на шампиони, четири пати беше шампион на Македонија и три пати го освои националниот куп. Женскиот тим, пак, двапати играше финале во ЛШ и освои по две титули во домашното првенство и куп.
- Кокшаров со Русија има златен медал на Олимписките игри во 2000 година, како и бронза во 2004. На Светските првенства има злато 1997 и сребро 1999, а на ЕП сребрен медал во 2000 година. Тој е и единствениот ракометар кој постигнал повеќе од 1.000 голови за руската репрезентација.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.