- Навивачите на Милан, тренерот, стручниот штаб, соиграчите, па сè до управата, треба да му се клањаат на Златан за сите жртви кои ги направи сезонава за да стигнат до зацртана цел, а тоа е Скудетото.
- Во изминативе шест месеци тој едвај спиел од болки откако обелодени дека играл без преден вкрстен лигамент во левото колено и во тој период можел да одржи само 10 тренинзи.
- Додека Златан објаснува на Инстаграм какви маки трпел, Милан соопштува дека успешно му е извршена тешка операција на коленото која му правела проблеми од средина на сезоната.
- Лошите вести за навивачите се дека ќе пауза 7-8 месеци, а добрите дека летово нема да оди во пензија.
- Маврово вчера повторно беше во знакот на велосипедизмот, активниот животен стил и дружењето.
- Халкбанк по седми пат ја организираше хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и љубителите на природата во ден исполнет со спорт и позитивна енергија.
- Трката, која одамна прерасна во повеќе од спортски настан, е дел од платформата ХалкЕко, преку која Халкбанк ги промовира здравите животни навики, активниот начин на живот и грижата за животната средина.
- Лос Анџелес Лејкерс одлучил на посебен начин да му одаде признание на еден од најуспешните тренери во историјата на франшизата. Фил Џексон ќе добие своја голема статуа пред салата на Лејкерс во Лос Анџелес. Свеченото откривање е закажано за 9-ти април 2027-ма година во пресрет на натпреварот на Лејкерс со Минесота.
- Фил Џексон така ќе стане девета легенда на Лејкерс која ќе добие статуа на Стар Плаза откако претходно таа чест ја имаа великаните: Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Џери Вест, Елгин Бејлор, Коби Брајант, Шекил О'Нил, Пет Рајли и легендарниот коментатор Чик Херн.
- Фил Џексон е рекордер по бројот на остварени победи во основниот дел од сезоната - 610 победи а има 292 порази. За 11 години на клупата на Лејкерс во два мандати од 1999 до 2011 освои дури пет НБА шампионски титули а играше седум финалиња. Неговите екипи никогаш не пропуштиле доигрување додека тој им бил тренер.
- Тој е автор на легендарниот тандем Коби-Шек кои освои дури три титули по ред: 2000, 2001 и 2002. После неколку години се врати на клупата на Лејкерс и со Коби Брајант и Пау Гасол освои уште два шампионски пехари, во 2009 и во 2010.
- Гувернерката на Лос Анџелес Џини Бас истакнала дека Џексон со својот пристап го вратил шампионското наследство на клубот.