- Членови на раководството на ФФМ му соопштиле на Боби Милевски дека повеќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација, неофицијално дознава Спорт1.
- Потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот.
- По тримфот на Македонија над Малта во првото квалифациско коло за ЕП 2024, нашиот национален тим загуби дома од Украина после пресврт од 2:0 на 2:3, а потоа следуваше највисокиот пораз во историјата од 7:0 од Англија.
- И покрај потрошените 175 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, Атлетико на очаен начин ја почна новата сезона во Ла Лига.
- Откако во првото коло загуби на гости кај Еспањол, мадридскиот тим денеска одигра само 1-1 со Елче пред своите навивачи. Диего Симеоне се одлучи за исклучително офанзивна варијанта, со своите двајца врвни голгетери во стартниот состав Сорлот и Алварез, но тоа не даде голем резултат.
- Ракометарите на ГРК Охрид извојуваа голем успех и го победија Еурофарм Пелистер во финалето на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со конечен резултат 31-26. Ова е одличен и трофеен старт за новиот проект на амбициозниот суперлигаш и стручниот штаб на тренерот Борис Ројевиќ.
- Македонскиот ракомет после силното трио Вардар 1961-Пелистер Еурофарм-Алкалоид, сега добива нов силен конкурент кој сигурно ќе се бори за титулата. Предводен од одличниот стратег Борис Ројевиќ кој направи хегемон од новосадска Војводина во српскиот ракомет, сега Охрид цели кон шампионски титули и пехари во Купот на Македонија.
- Ќе биде ова возбудлива и неизвесна сезона во мак-ракометот.