- 29 годишниот Драгомир кој беше избоден со нож во скопската населба, Чаир пред натпреварот меѓу Левски и Шкупи минатиот месец, имал повреда во црниот дроб и во првите мигови повредата била опасна по живот.
- „Не направивме апсолутно никакви провокации. Сообраќајот беше густ. Стоевме на семафор. Седам зад совозачкото седиште и забележувам момче на околу 25-30 години како оди покрај колата. Го гледам странично и одеднаш почнува да ме влече. Мојот шал беше внатре и тој посегна по него и почна да влече. Кога се обидов да се повлечам, одговорот беше удар во окото. Бев помодрен и отечен“.
- „Постојано влечеше, не се откажуваше. Решив да ја отворам вратата. Момчињата почнаа да излегуваат. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвен столб, со кој ме удри по глава. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе“.
- „Подоцна сфатив дека тогаш сум бил избоден. Ситуацијата се разви за помалку од 2 минути. И луѓето постојано доаѓаа, фрлаа цевки, шишиња, а во моментот кога успеав да се оттргнам, тие удрија во задниот прозорец и го скршија. Беше како во филмовите, работите се развија толку брзо. Страшен шок. Главата ми крвари, крвав сум, а од адреналинот не сфаќам дека сум прободен“, раскажува Драгомир за бугарската „НОВА“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.