- Во соопштение за медиумите, фудбалската федерација на Албанија по повод големиот прекин и инциденти што ги предизвикаа албанските навивачи во Тирана на мечот Албанија - Полска, кога фрлија стотици пластични шишиња и други предмети кон полските фудбалери додека овие славеа гол за 0-1, велат дека навивачите не се криви и дека полските фудбалери и навивачи први предизвикале инцидент.
- „Познати по такво однесување, полските навивачи исто правеа и на Вембли на мечот Англија - Унгарија каде имаше бројни судири со локалните навивачи и локалната полиција“, стои меѓудругото во соопштението, помалку конфузно зошто што би барале полски навивачи на Вембли додека нивната репрезентација игра во Тирана, Албанија најважен меч од досегашниот тек на квалификациите.
- ФИФА соопшти дека отворила истрага за инцидентите на натпреварите Англија - Унгарија и Албанија - Полска и дека имаат нула толеранција за насилство на фудбалските стадиони.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.