- Некогашниот фудбалер на Партизан, Фиорентина, Интер, Рома, Торино, Бешикташ, реши пред залезот на својата богата кариера да се врати во својот роден град, Нови Пазар и да заигра за истоимениот фудбалски клуб во српската Супер лига.
- Адем Љајиќ неколку пати кажа дека имал желба да се врати во својот град и да заигра за своја душа.
- За Нови Пазар одбил бројни милионски понуди а во градот е јавна тајна дека игра без „динар надомест“ од клубот. Со капитенска лента околу раката го води клубот и сезонава а целта им е да влезат во плејоф на српската лига.
- Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во разговор за магазинот на ФФМ говореше за новиот циклус во Лигата на нациите. Поранешниот напаѓач нагласи дека ова е досега најголемиот предизвик, доста посериозен од претходните во натпреварувањето.
- „Би било добро, резултатски гледано доколку не го загубиме првиот натпревар против Швајцарија. Сега почнуваме нов циклус, а Б-лигата објективно е на повисоко квалитативно ниво од Ц и Д-лигите. За првпат сме во оваа конкуренција во Лигата на нациите, ќе мора да покажеме дека сме дораснати за да бидеме во оваа група. Првиот противник, Швајцарија е сериозна репрезентација, која континуирано настапува на светските и европските првенства. Има објективно поголемо искуство од нас, а и швајцарската лига, иако не спаѓа меѓу петте најсилни во Европа, таа е добра и квалитетна“, започна Панчев.
- Македонскиот боксер Ален Рустемовски го оствари веројатно најголемиот успех во досегашната сениорска кариера, откако се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Софија.
- Нашиот боксер во четвртфиналето беше подобар од Ерменецот Базејан и обезбеди најмалку бронзен медал за себе и за нашата држава. Денешната пресметка ја доби на убедлив начин, со конечен резултат 4-1.
- За Рустемовски продолжува одличниот настап на Европскиот шампионат, каде претходно славеше победа и над Англичанецот Вилијам Хјуит со конечни 4-1. На Европското првенство во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на македонскиот претставник.