Зошто токму денес за тоа? Затоа што е 6 февруари, денот на кој се случи легендарниот натпревар во забивање на кој победи Мајкл во 1988-ма во Чикаго. Токму на ова место Ол стар викендот овој месец се враќа за прв пат по пауза од 32 години.
Во „Стејплс Центарот“ Клиперси го продолжија својот марш кон плејофот и борбата за титула. Најдобрите нивни играчи Пол Џорџ (23 поени, 5 скока и 10 асистенции) и Кавај Ленард (14/7/9) одиграа просечен натпревар, па најинтересен момент на мечот беше кога на полувреме еден дечко даде кош од пола терен и доби награда од 10.000 долари.
Во 23. коло од Евролигата Реал Мадрид само благодарение на противничкиот играч Ник Стаускас, бекот на Басконија, славеше 70:69. Имаа гостите нерешен резултат и продолженија во рака на само 4 секунди пред крајот, за Канаѓанецот Стаускас буквално на 2 секунди од сирената за крај да го фаулира Кампацо. Соиграчите полудеа, а тренерот Душко Ивановиќ се држеше за глава.
Познато е дека Сан Антонио Спарс носат црни дресови, ама не клот нели? Има бројка, име и сл. Австриецот Јакоб Поетл од Сан Антонио Спарс влезе во игра како да скокнал од кауч, а не од клупата за резерви. Грег Попович му е тренер, така што тешко дека ќе си го дозволи истиот кикс.
Лос Анџелес Лејкерс ноќеска го одигра првиот натпревар по загинувањето на Коби Брајант, но поразот од Портланд е тотално небитен податок. Салата во која 20 години царуваше тој, никогаш претходно не изгледала вака. Емотивен говор на Леброн.
Лос Анџелес Лејкерс vs Денвер, 1996-та. Во видеото ќе се потсетиме како незадржливиот О`нил како доминира под кош и витка обрачи. Јакото следува при крај кога публиката почнува да скандира по 18 годишниот Коби Брајант, инаку трејдуван со Дивац кој тогаш замина во Шарлот Хорнетс.
Во салата „Дворец Менора Мивтахим“, еден од најжестоките терени во Евролигата каде домаќин е Макаби Тел Авив, Реал Мадрид синоќа успеа да му го нанесе првиот пораз на израелскиот шампион сезонава на нивен паркет - 77:81. Мечот почна во знак на сеќавање на Коби Брајант, а двете екипи последователно не ги одиграа првите напади по 24 и 8 секунди (бројките кои ги носеше Коби во кариерата).
После 49 одиграни кола сезонава, тимот на Њујорк Никс има 13 победи и 36 порази. Се наоѓа на претпоследното 14-то место во Источната конференција и привршува уште една од многуте мизерни сезони. Синоќа изгубија од Мемфис, а на 47 секунди пред крајот, кога губеа 18 поени разлика, целата фрустрација ја искалија врз Џае Краудер.
Многу поранешни и сегашни кошаркарски работници, тренери, играчи, навивачи, се збогуваат со човекот кој го афирмираше овој спорт во земјава. Работнички остана без својот најомилен лик во клупската историја.
Пред четири и пол години имавме привилегија да направиме интервју со кошаркар од првата петорка на КК Работнички на кој тренер бил Лечиќ. Мастрафот што го имаме од него заслужува да се урами, бидејќи тоа што ни го раскажа го нема на интернет. Дебито на Благоја било врвно.
„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто... за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.
Легендарниот центар кој со Коби беа како браќа, се појави пред топлата народ насобран на местото каде славното дуо освои три шампионски прстени. Колку и да е во шок, се обиде барем за момент да го разведри амбиентот.
Реакциите не стивнуваат, тагата трае кај многумина негови обожаватели, а веќе паѓаат и одлуки што да се крсти во негово име. Италијанците донесоа одлука за на нивни терен.
Шпанските говорници меѓу жителите на Лос Анџелес исклучително многу го почитуваа Брајант не само како икона на нивниот Лејкерс, туку и како човек кој го зборува нивниот јазик и ја негува латино културата како да е еден од нив.
Меѓу безбројните објави што за инспиративниот живот и кариера на Коби, што за најубавите моменти кои им ги пружил на навивачите, има и такви кои се навраќаат на неговото детство.
Коби е енергија, мотивација, инспирација во движење. Борба, издржливост, натпревар. Неприфаќање на статус кво, немање изговори, незастанување додека не стигнеш до целта. Игнорирање на болка, падови, повреди.
Двајцата со сигурност најдобри кошаркари на сите времиња имаа толку многу сличности во играта на теренот, што делува мошне необично. Мајкл изрази длабоко сочувство до семејството и пријателите на Брајант за кого кажа дека е еден од најголемите во неговата генерација.
Катастрофата со хеликоптерот во кој загинаа 9 лица меѓу кои и Коби Брајант и неговата ќерка Џана го сопре светот: Твитер неколку минути беше во блокада, во НБА тапкаа топка во празно, а 62’ издание Греми почна во молк.