Лејкерси пред средбата со Портланд на некој начин одржаа комеморација во чест на Коби и секој навивач на седиштето го чекаше дрес од Коби Брајант.
Домаќините имаа направено целосна програма за да му се оддаде почит на една од најголемите ѕвезди некогаш видени во историјата на кошарката.
Леброн Џејмс во говорот рече дека ова е сеќавање на Коби, но сепак го гледа како прослава и му порача: „Ќе живееше брате“.
„Знам дека ова на еден начин е сеќавање за Коби, но јас ова го гледам како прослава. Ова е прослава на 20 години крв, пот, солзи, тело полно со повреди, паѓање, издигнување, поминати неброени часови, за да стане најдобар колку што можеше да биде. Вечерва го славиме детето кое дојде со 18 години, се пензионираше на 38 и стана веројатно најдобриот татко во изминативе три години“
"Tonight we celebrate the kid that came here at 18, retired at 38 and became probably the best dad we've seen over the last three years.” pic.twitter.com/0sS7e91cuz
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 1, 2020
— Los Angeles Lakers (@Lakers) February 1, 2020