Благоја Георгиевски Буштур загинал ноќеска во сообраќајна несреќа која што се случила во населбата Кисела Вода.
Според првичните информации животот го загубил откако изгубил контрола на лизгавиот пат и удрил во бетонски блокови.
Буштур е роден на 15 октомври 1950-та во Скопје и целата кошаркарска кариера ја мина во дресот на Работнички со кој се натпреваруваше во првата југословенска лига.
Беше единствен македонски кошаркар кој го носеше дресот на Југославија на големите натпреварувања како што се ЕП 1971 и ОИ 1976.
Легенда од стариот ков на спортисти.
Претходно бил на вечера со познатиот пејач Ален Исламовиќ.