Симпатизер даде кош од пола терен и освои 10.000 долари
Во „Стејплс Центарот“ Клиперси го продолжија својот марш кон плејофот и борбата за титула. Најдобрите нивни играчи Пол Џорџ (23 поени, 5 скока и 10 асистенции) и Кавај Ленард (14/7/9) одиграа просечен натпревар, па најинтересен момент на мечот беше кога на полувреме еден дечко даде кош од пола терен и доби награда од 10.000 долари.