Дербито во Евролига со 1-минутен молк и празен напад од 24 секунди

Во салата „Дворец Менора Мивтахим“, еден од најжестоките терени во Евролигата каде домаќин е Макаби Тел Авив, Реал Мадрид синоќа успеа да му го нанесе првиот пораз на израелскиот шампион сезонава на нивен паркет - 77:81. Мечот почна во знак на сеќавање на Коби Брајант, а двете екипи последователно не ги одиграа првите напади по 24 и 8 секунди (бројките кои ги носеше Коби во кариерата).

31 јануари 2020 - 10:42