Додека светот жали по НБА легендата Коби Брајант, љубителите на кошарката и пријателите на семејството Брајант од Италија, се сеќаваат на малку познати поглавја од неговиот живот на улиците на оваа земја додека татко му играл во италијанската лига.
Коби имал 6 години кога Џое решава во 1984 година да заигра во Италија и да го пресели семејството: прво во Риети, градче во централна Италија, па после во Реџо Калабрија, таму најјужно на штиклата“, па во Чирељо во богатата Тоскана и на крај северно во убавата Реџо Емилија.
„Секогаш држевме две очи на топката и две очи на него“, се сеќава Антонио Оливиери (64), соиграч на татко му на Коби на времето.
Теренот на кој Коби играл баскет како мал:
Оливиери се сеќава на енергијата која што ја поседувал малиот Коб кога дошле во Риети, на 80-ина километри од Рим.
„Коби беше дете кога беше во Риети. Се сеќавам Џое секогаш го носеше во салата... а тој имаше обичај да се пентари на обрачите додека игравме“, вели Оливиери за Ројтерс.
„Кога некој ќе паднеше на земја, тој доаѓаше на терен со крпа за да избрише“.
Локалниот тим НПЦ Риети на својот Твитер акаунт објави слика од Коби како мал со коментар: „Ти направи да сонуваме. Горди сме што сме први кои те виделе како играш на теренот. Никогаш нема да те заборавиме Коби“.
Ci hai fatto sognare, emozionare ma soprattutto innamorare. A Rieti hai cominciato a far piangere i tuoi piccoli primi avversari. Siamo orgogliosi di essere stati i primi a vederti calcare i campi.Non ti dimenticheremo mai Kobe♥️#kobebryant #blackmanba #basket #Rieti #npc #NBA pic.twitter.com/99UsLYQ5hV
— NPC Rieti (@npcrieti) January 26, 2020
Љубовта на Коби кон Италија се одразила и на неговиот избор за имиња на четирите ќерки. Ги крстил Џана Мариа-Оноре, Наталиа Дијаманте, Бјанка Бела и Капри која што е последнородена во јуни 2019 година.
Кобс бил посебно врзан за Реџо Емилија каде поминал две години.
„Израснав таму. Таму возев велосипед. Таму беа сите мои другари, имам многу убави сеќавања“, изјавил еднаш Брајант во интервју за BaskeTime магазинот во 2016-та.
„Засекогаш еден од нас“, напиша на твитерот на Реџо Емилија Палаканестро Реџана.
Per sempre uno di noi ❤️ 🙏 pic.twitter.com/MaPrV7Jjpf
— Pall. Reggiana (@PallacReggiana) January 26, 2020
„Коби не беше познат само како НБА ѕвезда во Реџо Емилија. Тој беше дете кое сите навивачи го знаат и ја виде салата кога татко му играше тука“, се сеќава тренерот на младинците Андреа Меноци.
Пријателите на Брајант од градот Чирељо, мало градче каде Брајантови живееле од 1987 до 1989, не можеле да се помират со веста за неговата смрт.
„Едно утро во 7, ѕвончето заѕвони и кога отворив пред врата го видов Коби“, се сеќава Алесиа Пјератини (53), на една изненадна преубава посета од ѕвездата на Лос Анџелес пред седум години.
Алесија на Коби му го покажала албумот со слики кога тој бил мал и кога го крштевале во локалната Римокатоличка Црква.
„Кога излеговме од куќата заедно после еден час, луѓето со коли стоеа пред врата зошто сакаа да го видат. Тој беше отворен со сите и се сликаше на улица со нив“.
Андреа се сеќава и како Коби и кажал дека сака да ги донесе ќерките да живеат во Италија.
„Сакам да го искусат тоа што јас го чувствував како дете, реалност која што не постои во Америка“.