Брајант не беше само еден од најдобрите кошаркари во историјата. Тој беше и икона на Лос Анџелес. Овој град најмногу тагува по него.
Навивачите на Лејкерс се собираат на неколку места во градот. Близу местото Калабасас каде се урна хеликоптерот
Во декември 2018-та Коби ја отвори Mamba Sports Academy, кошаркарска школа за млади таленти (натаму летал пред падот на хеликоптерот). Денес пред академијата која се наоѓа во населбата Таузант Окс организирале меморијал: носеле букети цвеќе, фотографии од Коби, и исечоци од весник
По иронија на судбината, во култната сала „Стејплс центар“, домот на Коби Брајант во кој славно играше цели 20 години, се одржуваше 62-то издание на церемонијата „Греми“. Алиша Киз го почнала својот говор знак на сочувство за големиот спортист:
„Да бидеме искрени. Ние сите чувствуваме луда тага сега, зошто порано денес, Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгуби херој. Буквално стоиме со скршени срца, во домот кој го изгради Коби Брајант“.
Фотографијата на Коби неколку пати се појави на екраните во салата, а пејачката Лиззо пред настапот кажа дека вечерта е посветена на Коби.
Пред „Стејплс центар“ синоќа се собрале многу луѓе, а така е и денес. Како едноставно да сакале да ја споделат болката
На авенијата Мелроуз каде што има мурал од Коби исто така се собрале луѓе
Во Алеата на славните во Холивуд изгравирале ѕвезда посветена на Коби Брајант. Тука легендата го доби заслужениот Оскар како продуцент на краткометражниот филм „Драг баскет“.
Иконата на ЛА Лејкерс никогаш не одел на колеџ. Тој бил избран во НБА директно од средното школо Лауер Мерион. Салата во ова училиште е наречена по Коби Брајант. И таму имало мал меморијал
Спонтан собир имало и на плоштадот Xbox Plaza близу „Стејплс центар“