Кога 24-та на Лејкерс се осврна на својата кариера пред камерите веднаш по неговиот последен меч, тој направи нешто ретко видено во НБА - ја сврте на латински:
„Латино навивачите многу ми значат зошто кога дојдов тука тие најтопло ме прегрнаа. Им кажав: ’Дајте ми две или три години за добро да научам малку шпански јазик. Сега мојот шпански не е толку добар, но можам да зборувам малку. Тие ми значат сè“.
Љубовта, јасно, била обострана.
Дента кога во хеликоптерска несреќа загинаа Коби (41), неговата ќерка Џана (13) и уште 7 други лица, тагата била огромна и во латино заедницата која важи за бастион на навивачите на Лејкерс.
Многу Латиноси дошле пред Стејплс Центарот а некои од нив, покрај свеќи и цвеќиња, ја држеле и сликата на Virgen de Guadalupe (Дева Марија Гваделупска), најсвета икона во Латинска Америка.
Коби го викале „compa“ од шпанскиот израз compañón кој значи другар. Впрочем и неговата сопруга Ванеса била Мексиканска Американка израсната во Оринџ Каунти.
Во 2010 година за време на еден меч против Феникс Санс кога Аризона била тема на дебата околу миграциските закони, Ванеса Брајант се насмеала во текот на преносот додека ја носеал маичката: „Do I Look Illegal“?
Коби често ја викал својата сопруга „мамасита“, а својата ќерка Џана, „мамбасита“.
Името и ликот на Коби биле неизбежен дел од многу кориди, традиционални мексикански прослави на кои го спомнувале како извор на инспирација. Постери со него стојат на многу авто-работилници и берберници во сопственост на Латиноси во Лос Анџелес.
Легендата на Лејкерс еднаш во интервју за Univision рекол дека најмногу научил шпански јазик преку тв сериите и „“Sábado Gigante,” популарно шоу кое го гледал со жена му и мајка ѝ.
„Пораснав со Коби. Тој е мој најомилен играч на сите времиња. Ме инспирираше да работам напорно и да стигнам овде каде што сум“, рекол медицински брат Џое Ривас, од Черитос, Калифорнија.
Брајант знаел доволно шпански јазик да може да се шегува и со неговиот пријател Лионел Меси, ѕвезда на Аргентина и Барселона, најдобар фудбалер на светот.