Големата побарувачка за драгоцени предмети, потпишани или носени од Коби Брајант е огромна, па некои реномирани дилери веќе се обидуваат да обрнат внимание на лажни, фејк понуди на пазарот.
Сајтот TMZ, оној кој прв ја пренесе веста за трагичната смрт на Коби, контактирал неколку колекционери и дилери кои го тврдат истото: луѓето заинтересирани за разни предмети поврзани со Брајант, се спремни да дадат од 2 до 20 пати повеќе од првичната цена која била поставена пред смртта на Коби.
На пример, дрес кој Коби го носел па го потпишал по еден меч во сезоната 2004/2005 пред смртта на суперѕвездата, чинел 6.000 долари, а сега пред почеток на аукција почетната цена е од 6.500 долари па нагоре и ќе трае еден месец. Коби го носел овој дрес на 17 април 2005 година за време на средбата против Далас Маверикс кога постигнал 33 поени во поразот на Лејкерс 114-112 во меч од Западната конференција.
Друг високо котиран дилер кој не сакал да биде именуван, рекол дека екстремно ретка кошаркарска картица од Коби која првично чинела 2,500 долари, на приватен пазар по смртта на кошаркарот е продадена за близу 50.000 долари!
Но има и такви дилери на колекционерски предмети кои рекле дека ќе паузираат извесно време со продажба на предмети поврзани со Коби затоа што не би сакале да профитираат од емотивните навивачи по трагичната смрт.
Стручњаците на темата, велат дека ги советуваат навивачите да купуваат само предмети кои се автентични и во сопственост на респектабилни продавачи.
Во меѓувреме, компанијата Најк реши дека ќе ја стопира продажбата на производи брендирани од Коби Брајант, со цел да избегне препродажба за повисоки цени и профит.