69-то издание на Ол стар викендот ќе се одржи во домот на Чикаго Булс, Јунајтед Центар на 14-16 февруари по трет пат во историјата.
Последен пат овој град бил домаќин во 1988-ма. Можеби не сте биле родени или сте заборавиле од каква важност е ова издание на Ол стар игрите.
Зборуваме за задолжителна кошаркарска историја која мора да се знае и која направи револуција со еден светски познат бренд кој три децении е ултра популарен и тоа уште.
Да преминеме на главното. До финалето на натпреварот во забивање стасуваат две легенди кои се викаат Доминик Вилкинс (28) и Мајкл Џордан (25). Според годините за спортист, ни млади ни стари, туку зрели за демонстрација на моќ и искуство.
Резултатот е тесен и на крај како победник излегува Џордан кој веќе бил прогласен и една година претходно за број 1 забивач на Ол стар 1987. Но овој пат победува токму со летечкиот потег по кој го доби прекарот “летечкиот“ Џордан.
Долг залет, скок од линијата за слободни, гравитација и на крај слем данк, моќно и атрактивно. Да бидеме искрени овој вид да забивање го измисли една друга легенда 13 години постара од него, а тоа е славниот Доктор Џеј.
Но Мајкл Џордан тоа го изведе во свој стил и ја збудале публиката. Жири комисијата му ги даде потребните бодови за победа и одбрана на признанието. Гледајте, потсетете се и уживајте. Ова се раскажува 32 години и ќе се раскажува уште 10 пати по толку.
Прво само тој
Па дуелот со Вилкинс
И за да сфатите во каква форма играл во 80-те, издвоите 2 и пол минути за да видите што им правел на главниот натпревар на истиот Ол стар. Мелење во секој поглед и МВП трофеј кој му припаднал без никаква дилема.
Токму од тоа епско забивање се роди идејата за логото на Ер Џордан кое е препознатливо на цела планета. Најк го искористи и така се роди еден цел ултра популарен бренд. Мајкл доби маркетиншки богат договор, а компанијата продажба и заработка од невидени размери.
Како на пример Џорданките, патики на кои никогаш не им пројде модата и од кои не престануваат да излегуваат нови верзии, како и ред друга спортска опрема и општо облека со логото на кошаркарската икона.