Градските власти во регионот Реџо Емилија не чекаа многу и решија еден од нивните плоштади да го крстат Коби Брајант.
Се разбира оваа одлука не е донесена од тепка, туку се темели на тоа што мега ѕвездата има растено во овој регион во времето кога татко му играл кошарка.
Градоначалникот Лука Веки на Фејсбук напиша:
„Реџо Емилија ќе го именува новиот плоштад Коби Брајант кој се наоѓа на улицата Гуаско. Коби беше еден од нас и токму тука имаше кошаркарски битки со школски другари, но и со поголеми спортисти од него. Додека татко му влезе во прв тим, Коби растеше во младинците на кошаркарскиот клуб Реџана. Неговата насмевка и неговата љубов за кошарката влегоа внатре, но исто и Реџо Емилиа влезе во него, како што и самиот ни раскажа кога не посети пред неколку години. Ова место го нарекуваше “дом“. Почивај во мир Коби, Реџо Емилија нема да те заборави“.
Кога ги посети
Уште нешто од неговото детство во Италија.