Кошарка

Како го јачале Дончиќ на 14 години?

Тренинг кој делува невообичаено или не? Лука оди под кош оптегнат со ластик и трпи удари по тело. И да, на само 14 години.

Магија на Стеф Кари од скоро пола терен

Не постојат повеќе објаснувања за овие луди, па и нелогични тројки на Стефон Кари кој гаѓа од кај што ќе стигне и посака. Голден Стејт Вориорс го совлада Бруклин Нетс со 121:119, а Кари го заврши мечот со 40 поени, 4 скока и 4 асистенции. Погледнете го што направи и тоа од кај логото. Не е нормален.

ЛА Лејкерс го скроти и Њујорк Никс, Дончиќ и Леброн пак товареа

Во најинтересниот меч на вечерта, ЛА Лејкерс синоќа го совлада Њујорк Никс после продолженија 113:109 и ја запиша осмата победа по ред во НБА! Лејкерс игра фантастично периодов, а Лука Дончиќ одлично се вклопи во новата средина.

Харден + Богдан Богдановиќ = 73 поени

Лос Анџелес Клиперс го совлада Детроит Пистонс 123:115 во натпревар на кој Џејмс Харден постигна страшни 50 поени! Ветеранот имаше уште и 5 асистенции и 4 скока. Голема поддршка Харден имаше и од Богдан Богдановиќ кој постигна 23 поени со 3 скока и 3 асистенции како и Ивица Зубац со 22 поени и 11 асистенции.

Жељко Обрадовиќ кај Славен Билиќ

(Не)успех на првакот е насловот на емисијата која на Арена Спорт ја водеше Мирза Џомба, а од неодамна палката ја презеде легендарниот хрватски тренер Славен Билиќ кој решил малку да одмори од секојдневните тренинзи и напорните натпревари. Меѓу првите гости му е најтрофејниот европски кошаркарски маг - Жељко Обрадовиќ. Фин муабет.

Лука Дончиќ одново решеташе, па го пцуеше судијата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ повторно одигра маестрална партија во нова победа на ЛА Лејекрс, овојпат над Њу Орлеанс Пеликанс 136:115. Овој натпревар беше во целост во знак на Леброн Џејмс, ветеранот синоќа стигна до 50.000 поени во НБА, прв играч во историјата со таков учинок.

Што се пишмани бе другар?

Невидена комична сцена се случи на мечот меѓу Атланта Хокс и Милвоки Бакс во режија на Ториан Принц. Што ли му се случи на човеков и зошто се блокираше? Едноставно не шутна на крај, а под брк се насмеа и Док Риверс.

НБА ноќ за паметење, Леброн Џејмс стана прв во историјата со 50.000 поени

22 сезони, 4 НБА титули, 4 пати МВП на сезоната, 4 пати МВП во финалињата, па уште и 50.000 поени и сето тоа играчки во форма на свои 40 години.

Ол Стар атракција на Ентони Едвардс уништена на неспортски начин

Во НБА лигата не се внимава на одбрана како некогаш, па затоа гледаме многу поени и атракции на отворен кош. Една таква се очекуваше да направи Ентони Едвардс, но наиде на намерен и ризичен фаул од страна на Бредли Бил.

Кајри Ирвинг го носеа повреден да изведе слободни фрлања

Лидерот на Далас Маверикс по заминувањето на Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг го повреди левото колено во ноќта меѓу понеделникот и вторникот на мечот против Сакраменто Кингс кој Далас го загуби 122:98. Кајри Ирвинг беше фаулиран од ДеМар ДеРозан и при падот нагази незгодно врз ногата на Јонас Валанчунас па го повреди левото колено. Ирвинг излезе до соблекувалната ама се врати да ги изведе слободните фрлања.

Против-кандидатот на Јокиќ за МВП пак постигна 50+ поени

Репрезентативецот на Канада кој блескаше на минатото Светско првенство, Шеј Гилџес-Александер уште еднаш покажа дека е во страшна форма сезонава. Во победата на неговата Оклахома Сити Тандер над Хјустон 137:128 постигна 51 поен со 5 скока и 7 асистенции.

Дончиќ со кош од пола терен ги натера тренерите на склекови

Суперѕвездата блеска во полн сјај во Лос Анџелес Лејкерс кој во моментов е на високот 2. место на Западот. Лука Дончиќ синоќа беше главна фигура во триумфот на „езерџиите“ против градскиот ривал ЛА Клиперс, а на загревање пред натпреварот како што имаше обичај и во Далас, се кладел со помошните тренери, за шут од пола терен. Ако промаши тој прави склекови, ако не тие. Си дале рака.

Незгоден доскок на Јокиќ на потфрлање, ама издржа до крај

Во дербито на вечерта во НБА, актуелниот шампион Бостон Селтикс го совлада Денвер Нагетс 110:104. Браун, Ал Хорфорд и Тејтум покажаа зошто се шампиони а Јокиќ повторно не можеше без поголема поддршка од соиграчите.

Лука Дончиќ фати јак залет, го разби ЛА Клиперс

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ја забележа шестата победа по ред во НБА откако синоќа со 108:102 втор пат во три дена го совлада градскиот ривал ЛА Клиперс.

Прво забивање на Стеф Кари после цели 6 години

Четирикратниот НБА шампион и двократен МВП на лигата и еднаш на НБА финалето, Стеф Кари важи за најдобриот шутер кој некогаш играл во најдобрата светска лига. Тој синоќа во поразот на неговиот тим од Филаделфија Севентисиксерс 126:119 постигна 29 поени и 13 асистенции.

Првиот Ол Стар на Кари е 1994-та

Се работи за Ол Стар на кој Стеф има 6 години и е во улога на гледач на татко му Дел Кари, кој се натпреварува во тројки. Дотераниот господин до него е легендарниот центар Алонзо Морнинг. Телефонот модерен како за тоа време.

Нови напади врз Дончиќ: Бил мрзлив, пиел и пушел

Не стивнуваат реакциите на тема Лука Дончиќ. Сега па го критикуваат од Далас дека имал пороци.

Полека почнува мартовското лудило во колеџ во САД

Кошаркарските дуели во средните училиште и во универзитетската лига на САД се дијаметрално спротивни на досадната театарска атмосфера во НБА. На овие натпревари може да видите громогласно навивање како во Европа, со реквизите, тапани и песни. А победнички кош во последна секунда како оној на Нимари Барнет од универзитетот Мичиген против Рутгерс се слави еуфорично. Наскоро ќе почне таму во универзитетската кошарка таканареченото „мартовско лудило“ кога ќе има јаки дуели за титулата.

Најлудата статистика на еден играч на Голден Стејт во сенка

Денес малку кој би се сетил на Шон Ливингстон, бек-шутер кој играше за дури 9 НБА клубови а освои 3 шампионски титули и тоа сите три со Голден Стејт Вориорс. Педантните статистичари кои будно следат НБА пресметале дека Шон Ливингстон никогаш во кариерата не промашил шут од полудистанца. Верувале или не! Погодил 1309 од 1309 обиди!

Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“ со Барса

Најтрофејниот европски кошаркарски колектив, Реал Мадрид на домашен терен во главниот град на Шпанија го совлада големиот ривал Барселона 96:91 во 27. коло од Евролигата и уште повеќе ја замрси ситуацијата на табелата.

Јокиќ феноменален, ама соиграчите шутираа очајно во нов пораз од Милвоки

Кошарката е колективен а не индивидуален спорт, а Никола Јокиќ дефинитивно нема поддршка од соиграчите каква што заслужува како трикратен МВП на НБА. Денвер Нагетс одново изгуби од тимот кој често знае како да ги совлада.

Денот на Кари - 27 февруари

Админите во НБА има енормно широка палета на статистички податоци, па дури и често пати знаат да забегаат во разно разни бројки. Пазете ги овој пат какви податоци извадија за Стеф Кари, поврзани за еден датум, само во различна година.

Експлозија на Стеф Кари со 56 поени и 12 тројки

Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени од Стеф Кари за кого ова е натпревар број 14 со 50+ поени. Се израмни со Леброн Џејмс и Рик Бери. Дури девет вакви натпревари има откако наполни 30 години.

Лука почна со лудачките тројки, татко му се чудеше

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија победничката серија и на дуелот со Минесота (111:102). 33 поени на Леброн Џејмс, 23 на Остин Ривс, 21 на Лука Дончиќ. Одиме со најинтересните и најатрактивни потези од мечот.