
Новост е дека сезоната 2025/2026 ќе има дури 38 кола што е најдолго до сега, а планирани се дури 10 двојни кола што ќе биде дополнително исцрпувачки и за играчите и за тренерите и за навивачите.
Белградски Спорт клуб додава и дека уште поважна одлука е донесена во однос на календарот за меѓународни натпревари на репрезентациите - односно дека ФИБА прозорите веќе не се признаени и играчите од Евролигашите нема да можат да играат за репрезентациите во квалификациите за Светско првенство се додека трае сезоната во Евролига.
Следната сезона во елитната европска кошарка ќе има три нови учесници: Дубаи (прв тим од Обединети Арапски Емирати), Валенсија (се враќа после извесно време) и ултра-богатиот Хапоел Тел Авив кој најавува дека ќе прави страшна екипа.
Алба Берлин реши да се повлече од Евролига поради големите издатоци, трошоци и ќе настапува во Лига на шампиони која ја организира ФИБА.
УЧЕСНИЦИ ВО ЕВРОЛИГА ЗА СЕЗОНА 2025/2026:
Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Дубаи, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Асвел, Макаби Тел Авив, Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус Болоња и Жалгирис.