Индијана Пејсерс со луд кош стигна до продолженија и победа во Њујорк

Кошаркарите на Индијана Пејсерс во неверојатен меч славеа 138:135 после продолженија против Њујорк Никс и поведоа со 1-0 во финалето на Истокот.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Јунак на триумфот на Индијана Пејсерс и играч на натпреварот беше лидерот на оваа екипа, Тајрис Халибуртон кој прво со фантастичен продор поентираше за два поени и го однесеше мечот во продолженија, а после и таму доминираше.

Индијана Пејсерс имаше посед на 14 секунди пред крајот кога Њујорк Никс имаше +3 поени предност. Тренерот на гостите Рик Карлајл му дал доверба на Нејсмит кој беше фаулиран од Анумоби. А бекот ги погоди двете слободни фрлања (124:123 за Никс). После тоа напад имаше домаќинот а Индијана направи брз фаул.

Ануноби промаши едно и погоди едно што значи дека Индијана Пејсерс немаше многу време а мораше да постигне кош. Тајрис Халибуртон се залета, изгради простор за шут, топката леташе невообичаено високо и мина низ обрачот. Халибуртон ја повтори прославата на легендарниот Реџи Милер а мечот отиде во продолженија.

Неверојатно звучи фактот дека Индијана Пејсерс испиша историја: имено на 2 ипол минути до крајот Њујорк Никс водеше со убедливи 14+ поени предност но гостите се изборија прво за продолженија а после заслужено победија.

Никогаш во историјата на НБА не се случило екипа која има -14 поени на 2-3 минути пред крај да се врати, да направи пресврт и да победи. 0-970 беше рекордот на ваквите натпревари со ваква негатива кога ниту една екипа не се вратила од толку тешка ситуација.

А тоа е препознатлив знак за Пејсерс сезонава. Само во ова актуелно доигрување надоместија седум поени заостаток во последната минута од мечот број 5 против Милвоки Бакс и во вториот дуел против Кливленд.

 

22 мај 2025 - 08:05