Фенербахче е европски шампион, Гудуриќ и Хејс-Дејвис го решија Монако

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Монако 81:70 во големото финале на Фајнал Фор од Евролигата кое се играше во Абу Даби. По драматично тесен резултат, во финишот екипата предводена од Јасикевичиус од клупата и Марко Гудуриќ на теренот, ја освои европската титула.

Фенербахче по втор пат во својата историја е шампион на Евролига. Најефикасни во редовите на турскиот гигант беа Најџел Хејс-Дејвис со 23 поени и 9 скока, Марко Гудуриќ со 19 поени, 5 скока и 2 украдени топки и Девон Хол и Вејд Болдвин со по 13 поени.

Кај Монако прв стрелец беше Алфа Дијало со 19 поени а 17 даде Мајк Џејмс, Стразел 13 поени а Даниел Тајс 12 поени.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

По 2017-та кога со Жељко Обрадовиќ, Перо Антиќ и Богдан Богдановиќ се качија на врвот на Европа, сега турскиот состав повторно е најдобар во елитната Евролига.

Како и сите екипи, така и Фенербахче сезонава имаше големи подеми но и падови, но кога беше најважно во финишот на сезоната фатија одличен ритам и сосема заслужено се европски шампиони.

 

Тренерот Шарунас Јасикевичиус точно знаеше како да ги искористи сите играчи, прво во тешкото полуфинале против Панатинаикос ротираше дури 11 кошаркари кои ја поделија минутажата а 10 од нив постигнаа поени, а сега во финалето на паркет ротираше 11 кошаркари од кои 8 дадоа поени.

За разлика од нив клупата на Монако потфрли и тука треба да се бара причината за поразот на тимот од кнежевството.

26 мај 2025 - 08:56